Косовски новинар прободен со нож

Миљот Хашимја, новинар на косовската телевизија Клан денеска бил избоден со нож во просториите на редакцијата на телевизиската куќа.

Телевизијата информира дека напаѓачот влегол во редакцијата и со нож го нападнал Хашимја на неговото работно место.

Веднаш по инцидентот, косовската полиција го уапсила напаѓачот, а Хашимја е пренесен вo болница, каде по укажаната медицинска помош е утврдено дека тој е вон животна опасност.

Косовските медиуми наведуваат дека Хашимја најверојатно бил нападнат, бидејќи не било исполнето барањето на напаѓачот телевизијата да избирше едно видео од Јутјуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.