Косовски новинар во страв, му се заканиле дека ќе го обезглават

Новинар од Косово, кој е специјализиран за прашањата на исламот и исламскиот екстремизам изјавил дека добива закани дека ќе биде обезглавен од страна на верски фундаменталисти.

– Добив многу закани претежно преку Фејсбук, а во некои од нив ми се закануваат со обезглавување, изјави Висар Дурики.

– Се надевам дека полицијата ќе дејствува брзо, бидејќи не се чувствувам безбедно, додаде тој.

Организацијата Репортери без граници во меѓувреме соопшти дека е мошне загрижена поради судбината на Висар Дурики и го повика косовското Министерство за внатрешни работи да го заштити новинарот.

Дурики покрива теми поврзани со верскиот екстремизам. Во повеќе написи тој го опишува начининот, на кој млади косовски граѓани се врбувани да заминат на џихад во Сирија.