Косовски професор врбува борци за ИД во Србија

Професорот по шеријатско право од Призрен, Идриз Билибани врбува борци за ИД во Србија. Тој е главен организатор за заминување на граѓани од Србија во верска војна на страната на Исламска држава, пишува српскиот весник Блиц.

Преку Билибани до луѓето кои војуваат за ИД

Според најновите податоци од службите за безбедност во ИСИС, Идриз Билибани познат и под прекарот Шеик, со Денис Хаџиќ од Нови Пазар користеле простор за молитви во Нови Пазар за проповед на радикален ислам. Тие повикувале на света војна луѓе да им се приклучат во војната во Сирија против силите на Башар Асад. Месџид Фуркан во Нови Пазар не е регрутен центар за заминување во Сирија, но е место каде може да се добијат врски со луѓе кои војуваат на страната на ИД. Во тој локал не е пронајдено оружје, но служи за ширење радикален ислам. Сигурно е дека сите кои заминале да војуваат во Сирија биле во Фуркан, изјави за весникот извор запознат со податоци на безбедносните служби.

Минатата година Билибани бил уапсен во Косово, но подоцна пуштен на слобода и од 16 октомври е во домашен притвор.

20 луѓе од Србија заминале во војна во Ирак и Сирија

Според податоци на службите за безбедност околу 20 луѓе од Србија заминале да се борат на страна на ИД во Сирија. Дел од нив го зеле со себе и семејствата. Во ИД постои и т.н. балканска бригада која се бори во Ирак и Сирија, наведува весникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.