Косовскиот поглавар на ИВЗ под истрага

Kосовската полиција почна истрага против поглаварот на Исламската верска заедница на Kосово, Наим Трнава, поради финансирање од сомнителни извори и именување на сомнителни личности за имами. Под полициска истрага се и неколку имами од џамиите од Призрен, Kачаник, Генерал Јанковиќ и Драгаш. Исламската заедница во Kосово не ги коментираше истрагите. Неодамна косовските медиуми пренесоа дека за неколку имами се преземени рестрикции и од страна на САД, која нема да им издава визи.

Исламската верска заедница во Kосово во последните неколку дена е на удар на полицијата и поради поврзаноста на тамошните имами со регрутирањето на Kосовци во војните во Сирија и Ирак. Во Kосово завчера беше уапсен еден од главните иницијатори на џихадот во земјата, имамот од џамијата во Гнилане, Зекрија Ќазими.