Косовскиот премиер го разреши министерот Јаблановиќ

Косовскиот премиер Иса Мустафа вчеравечер соопшти дека го разрешува Алексанадар Јабановиќ, од функцијата министер за заедници и враќање.

Мустафа изјави дека Јаблановиќ повеќе не е дел од владиниот кабинет. Тој одби да одговара на новинарски прашања, но побара целосно разбирање од сите граѓански организации и синдикатите во врска со колективниот договор.

– Колективниот договор ќе се спроведе, но во моментот буџетот на земјата не може да издржи зголемување на платитети. Што се однесува до Трепча таа е сопственост на Косово и во иднина нема да се донесуваат какви било одлуки без претходно да се консултираат експерти од таа област, целните групи и граѓаните директно се погодени од одлуките на Владата, изјави Мустафа.

Јаблановиќ експресно реагираше на изјавата на Мустафа порачувајќи му дека не ја прифаќа ваквата одлука. Според него Листа српска ќе излезе со официјален став во наредните два дена. Тој додал дека Листа Српска ќе одлучи дали останува или излегува од Владата.

Одлуката на премиерот Мустафа за разрешување на министерот Јаблановиќ, за партијата на Рамуш Харадинај, Алијаса за иднината на Косово  и на Беџет Пацоли, Алијаса за Ново Косово е задоцнета, додека за Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај целта била остварена и оти била доволна причина простетите да прекинат.