Косовските пратеници со највисоки плати во регионот

Косовските пратеници се со највисоки плати споредено со примањата на народните избраници од соседните земји, јави дописникот на МИА.

Економските експерти и политичките аначлитичари сметаат дека за една земја како Косово, со висок степен на сиромаштија и огромна невработеност, е нерприфатливо платите на пратениците да достигнуваат 2.000 евра.

– Најсиромашната земја во регионот најмногу од сите ги плаќа своите пратеници. Парламентарците на Косово месечно добиваат до 2.000 евра, додека истовремено во Србија платата на нивните колеги не достигнува ни 1.000 евра, наведува приштинскиот весник „Зери“.

Според истиот извор, основата плата на косовски пратеник изнесува 1.488 евра, а остатокот се акумулира со учества во различни собраниски комисии, патувања во странство и со ангажирања во работни комисии по законски проекти, што носи вкупно приход од околу 2.000 евра.

Весникот прави споредба со платите на пратениците во соседните земји на Косово, при што наведува дека веднаш по косовските се црногорските пратеници со месечна плата во износ од 1.200 евра, па албанските со 1.080, македонските со 1.000 и српските со 860 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.