Косовските служби го знаат идентитот на убиецот на Оливер Ивановиќ

Изворите на електронското издание Gazeta Express од Косовската разузнавачка агенција (КИА) и полицијата откриваат дека е познато името на убиецот на претседателот на Граѓанското движење Слобода, демократија, правда, Оливер Ивановиќ, застрелан на 16-ти јануари 2018 година во Косовска Митровица.

„КИА и косовската полиција имаат информации за тоа кој пукал и неговите мотиви за ова убиство”, открива извор за редакцијата.

„Можеби тие ги немаат сите информации за да наредат апсење на наводните сторители, но имаат трага. Многу е веројатно институциите за безбедност ги информирале политичките лидери, како на Косово, така и на Србија, за нивните наоди“, истакна изворот.

Од редакцијата посетуваат дека Оливер Ивановиќ е убиен на 16-ти јануари пред неговото седиште на партијата. Само неколку дена пред да бидат застрелан со шест куршуми од непознати сторители, Ивановиќ им признал на медиумите во Белград дека не е безбеден. Односите на Ивановиќ со владата во Белград и српскиот претседател Александар Вучиќ беа напнати. На изборите во 2017 година, Белград отворено ја поддржа Српската листа, но не и другите политички сили на етничките Срби во Косово. Медиумите во Србија известија дека само неколку дена пред убиството на Ивановиќ испрати СМС порака до претседателот Вучиќ, но тој не добил одговор од него.

Во меѓувреме српскиот новинар Стефан Цветковиќ, објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово, со кои истражувале и дошле до информацијата дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12-ти јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 пати се до денот на атентатот. Истото лице го напуштило Косово само еден ден по убиството, пишува порталот Индексонлајн.

Според досега добиените информации од терен, се верува дека ниту еден политичар од Косово и Србија не се вклучени во атентатот, туку дека убиството има криминална позадина. Цветковиќ вели дека за атентатот врз Ивановиќ се дадени 40.000 евра.

„Освен објавувањето на лицето осомничено како убиец, тој објавува и други две фотографии на кои се лица кои дополнително треба да се испитуваат. За едното се верува дека е официјално лице вработено во косовска институција.Цело време додека истражува, Цветковиќ има целосен пристап до приватните камери, не само до оние на јавните места“, наведува Индексонлајн.