Балкан

Косовското обвинителство обезбедило први докази за убиството на Оливер Ивановиќ

Косовското обвинителство обезбедило први докази за убиството на Оливер Ивановиќ

Главниот обвинител на Косово Александар Лумези изјави денеска дека обвинителството располага со определени докази за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

„Ние имаме некои докази коишто сме ги обезбедиле досега, но треба да преземеме мерки за откривање на сторителот на кривичното дело“, изјави Лумези во интервју за поратлот Арбреши“.

Лумези изјави дека и покрај барањето на Приштина, српските правосудни органи не доставиле информации со кои располагаат во врска со тоа кривично дело.

„Имаше барање од властите во Србија да соработуваме. Ние кажавме дека сме подготвени да ги примиме сите информации, кои тие евентуално ги имаат за убиството на Оливер Ивановиќ, како што е предвидено со Законот за меѓународна соработка. Досега не ни дале информации, ние сме во очекување“, вели главниот обвинител.

Расветлувањето на убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива, Оливер Ивановиќ се води од двајца обвинители од Основното обвинителство во Косовска Митровица, едниот етнички Србин, другиот Албанец.