Бразил2014,Спорт

Коста е убеден дека е во топ-форма

Коста е убеден дека е во топ-форма

Натурализираниот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, откри дека се чуствува совршено и е убеден дека во Бразил ќе се претстави во најдобра можна форма.

„Се чуствувам многу добро. Во овој момент, се чуствувам совршено, мислам дека сум во најдобра можна форма. Убеден сум дека ќе немам никаков проблем за време на Мундијалот кога е во прашање мојата здравствена состојба. Секогаш сум возбуден пред некој голем натпревар, но сега сум уште повеќе возбуден поради дуелот против репрезентацијата на Холандија. Сакам да уживам во секој момент, ретко кој може да добие вакава шанса, да игра на Светско првенство. Имам специјален третман, имам совршен однос со моите соиграчи и сакам јавно да се заблагодарам на подршката”, изјави бомбардерот на Атлетико (М) кој најверојатно по завршувањето на Мундијалот во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.