Коста: Имав проблем при изведувањето на ударот од белата точка

Бомбардерот на Атлетико (М), Диего Коста откри што му беа потребни неколку минути за да го изведи ударот од белата точка и додаде дека неговиот тим заслужено ќе биде дел од финалниот натпревар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Теренот беше вдлабнат токму каде што требаше да ја наместам топката. Навистина многу се трудев да ја изберам вистинската позиција. На крајот, се добро се заврши. Се трудевме многу, имавме желба и голема верба дека ќе успееме, дури и кога Фернандо Торес постигна гол за водство на Челзи. Успеавме да се издигнеме, возвративме пред полувремето, а во вториот дел ги разрешивме дилемите. Ова е голем ден за Атлетико Мадрид, а уште поголем ќе биде кога ќе истрчаме во големото финале во Лисабон”, изјави репрезентативецот на Шпанија.