Коста ја започна сезоната со Челзи

Диего Коста фантастично ја започна сезоната во тимот на Челзи, Сините го донесоа и Дидие Дрогба, па беше јасно дека минутажата на Торес на теренот ќе биде сведена на минимум.

Во последните денови од преодниот рок се случи трансферот на Торес во Милан, Ел Нињо е среќен што ќе биде дел од Росоњерите и се надева на успешна кариера во Италија.

„Можев да видам како ќе се одвиваше сезоната во Челзи. Тие купија напаѓач кој се очекуваше да игра, а јас сакав да бидам значаен дел од тимот” – вели Торес.

„Сакам да им се заблагодарам на моите два англиски клуба, Ливерпул за тоа што ме донесе во Премиер лигата и Челзи за трофеите кои ги освоив”.

„После сите овие години ми беше потребна промена, место кое ќе ми даде желба за игра, каде што ќе можам да бидам важен играч”.

„Милан е се што ми е потребно, голем клуб со одлични фанови, место каде што ќе се обидам да блеснам и да се вратам во најдобра форма”.

„Среќен сум што сум тука, не можам да дочекам да почнам да играм. Играв во Ла Лига и Премиер лигата, сега сум во третата најважна лига во Европа”.

Торес му се заблагодари и на Мурињо од кој вели дека многу научил.

„Научив многу од него, можеби во иднина нашите патишта повторно ќе се сретнат”.

„Кога му кажав дека заминувам во Милан, тој ми посака среќа, ми зборуваше за пасијата која ја има во Милано. Му посакувам и јас најдобро, исто како што ми посака и тој”.