Коста на три дуели постигна 4 гола

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Фернандо Торес и со преселбата во Италија е интересен за медиумите од Англија.

Ефектот на Шпанецот во натпреварувачките кампањи на Островот беше на мета во англиските медиуми.

Со тоа што на „Стамфорд Бриџ“ дојде и Диего Коста, медиумите се фатија за работа.

„ВВС“ тврди дека на Торес му биле потребни 39 натпревари за да постигне 4 погодоци за составот на Челзи, ефект кој што Коста успеа да го оствари на три дуели како член на лондонските „Сини“.

Торес беше одличен во редовите на Атлетико Мадрид, како и на „Енфилд роуд“, додека трпеливите челни луѓе на Сити го позајмија во Милан.