Коста наострен за дуелот против Холандија

Новопечениот репрезентативец на Шпанија, бомбардерот на Атлетико (М), Диего Коста, е убеден дека ќе биде 100% подготвен за првиот натпревар од групната фаза на престојниот Мундијал во Бразил, за дуелот против секогаш незгодната репрезентација на Холандија.

„Се чуствувам многу подобро во споредба со изминатите неколку недели. Само што заврши финалниот натпревар во Лигата на шампиони, го започнав процесот на рехабилитација. Помина долг период откако бев 100% подготвен за игра. Сега сакам да тренирам со моите репрезентативни колеги. Ништо не правев во изминатите неколку недели и затоа сега сакам да тренирам со полн интензитет. Дали ќе бидам подготвен за првиот натпревар во групната фаза? Нормално дека ќе бидам, зошто да не бидам подготвен”, изјави репрезентативецот на Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.