Коста откри дека Шпанија ја има научено холандската лекција

Натурализираниот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста е убеден дека актуелниот светски и европски шампион, има многу научено од срамниот пораз кој „црвената фурија” го доживеа на премиерниот натпревар од Мундијалот во Бразил.

Бранителот на тронот загуби со убедливи 5:1 во дуелот против селекцијата на Холандија и сега има обврска да забележи триумф во дуелот против репрезентацијата на Чиле.

„Нема таков фудбалер која сака да губи, а уште помалку кој сака да загуби на еден таков начин. Луѓето добро знаат дека ние нема да се предадеме без борба, знаат дека уште неколку опции се во игра. Научивме многу од овој пораз, мислам дека ја научивме лекцијата и такво нешто нема да ни се повтори. На располагање имаме неколку опции, а најдобрата работа во животот е дека секогаш има надеж, секогаш има друга опција, шанса. Мора да ја искористиме следната шанса, да се бориме до самиот крај”, изјави напаѓачот на Атлетико (М).