Коста се враќа во Атлетико за 65 милиони евра

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид понуди 65 милиони евра отстапнина за напаѓачот на лондонски Челзи, Диего Коста, кој во јануари би требало всушнст да се врати во Мадрид.

Од Атлетико им порачале на англиските шампиони дека тое е „земи или остави“ понуда и оти немаат намера да платат повеќе.

Доколку Челзи ја прифати понудата, Диего Коста ќе стане најскапиот играч во историјата на „Лос Колчонерос“. Досега Атлетико Мадрид најмногу плати за Радамал Фалкао во 2011 година, кога на Порто му исплати 40 милиони евра.

Бразилскиот напаѓач со шпански пасош и неколку натрпевари за селекцијата на „црвената фурија“, со месеци наназад е во конфликт со менаџерот Антонио Конте и веќе 200 дена нема забележано официјален меч за лондонскиот клуб.

Коста веќе беше член на Атлетико, во периодот од 2007 до 2009 година, кога поголем дел мина како позајмен играч во Брага, Селта, Албачете, а потоа и од 2010 до 2014 година.