Костадиновски на средба со словенечкиот министер за земјоделство

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски вчера имал средба со министерот за земјоделество, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан.

Министерството за шумарство и водостопанство денеска соопшти дека на средбата на Брдо кај Крањ е разговарано за размена на искуствата во шумарството.

Словенија е водечка земја во ЕУ во областа на шумарството и имплементирањето на тие искуства може да и помогнат на Република Македонија за унапредувањето на овој сектор, особено во законодавството и прилагодувањето кон европската легислатива. Со оглед на тоа дека се подготвува нов концепт за советодавни услуги во македонското земјоделство, Жидан го запозна Костадиновски со словенечките искуства, а се со цел да се подобри конкурентноста на македонското земјоделство во меѓународни рамки, се вели во соопштението од Министерството за шумарство и водостопанство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.