Македонија

Костадиновски во прилепско

Костадиновски во прилепско

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе ги посети поплавените места во прилепско, пренесе МИА.

Обиколката на настраданите општини од невремето од пред три дена, ќе почне од Мало Коњари во 13.30 часот, информира Министерството за земјоделство, шумарство и земјоделство.

Заменик-министерот Костадиновски ќе го посети и Мажучиште.

Петта жртва на невремето во тетовско – пронајдено тело на маж

Петта жртва на невремето во тетовско - пронајдено тело на маж
Петта жртва на невремето во тетовско – пронајдено тело на маж

Синоќа околу 20 часот, на местото викано „Бродиште“ во атарот на село Г.Речица-тетовско е пронајдено телото на Раиф Јусуфи (1954) од село Лисец, кој исчезна при невремето во понеделникот. Бројот на загинати во поплавите сега се искачи на пет.

Шестгодишната Дрита од село Шипковица сеуште се води како исчезната.

Во силното невреме во тетовско животот го загубија и Хашим Ф.(83) од село Шипковица, А.М.(14) од село Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од село Шипковица.

Безживотните тела на  Хашим Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во село Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во селото Голема Речица.

Во невремето во тетовско, исто така со тешки и телесни повреди се здобиле повеќе 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.