среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 47

Костадиновски: СДСМ без срам кажуваат дека се спасители

tribina-nagoricane-640x425

Последни вести

Тие кои го предводат СДСМ, покрај политичката криза и состојбата на грч која ја создадоа, немаат ниту срам, ниту образ да се појават и кажуваат како тие се спасители и ќе ги подобреле состојбите и во политиката и во социјалната сфера, истакна Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Старо Нагоричане која се организира во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

-Не кажуваат конкретни мерки, со конкретни дела и проекти за тоа што тие ќе направат во овие области. Ние имаме конкретна програма и конкретни мерки, посочи Костадиновски.

Тој додаде дека и покрај многуте проекти ги реализирале за сите граѓани, за сите земјолдеци, како што рече, имаат образ и лице да дојдат и повторно да се сретнат со земјоделците од секоја општина и да поразговараат со нив за реализираното и за некој проблем кој тековно се јавил.

-Во изминатиот период владата на ВМРО-ДПМНЕ за пет години, од 2010 до 2014, има реализирано и исплатено над 3,5 милиони евра за општина Нагоричане за субвенции кои се легнати на сметките, а над 5 милиони евра во период од 2006 до 2014. Износ кој е еднаков на износот кој СДСМ за цело време на нивното владеење вкупно го има исплатено за сите земјоделци во цела Македонија, заклучи Костадиновски.

Најчитани вести