Костадиновски во обиколка на браната Пишица

Заменик министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе изврши обиколка на браната Пишица каде наскоро треба да почнат работите за нејзина санација.

Костадиновски ќе биде придружуван од градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тонески.