Костадиновски: Задоволни сме од он-лајн поднесувањето на годишни сметки

Централниот регистер е задоволен од он-лајн поднесувањето на годишни сметки чија што бројка изнесува 14.300 поднесени годишни сметки и од функционирањето на системот. Годишни сметки не поднеле 25. 000 субјекти, а намалена е и бројката на блокирани сметки на 5.500 субјекти кои имаат повеќе трансакциски сметки.

„Постоеше барање кое беше сосема легитимно од Комората, а која се однесуваше на опционално поднесување на годишни сметки во хартиена форма со што би се овозможиле на оние кои не се спремни он- лајн, да можат да поднесат и во хартиена форма согласно законско утврдениот рок 28 февруари 2014. Со сметководителите го прокоментиравме и системот од аспект на неговите функционалности, како го искористиле, кои им се сугестиите, забелешките и предлогот на мерки кои би можеле да ги имплементираат наредната а би се однесувале за деловната 2014 година,“ изјави директорот на Централниот регистер, Ванчо Костадиновски.

Со он-лајн поднесувањето на годишните сметки, се прескокнаа две фази, физичко присуство на шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во Регистарот на годишни сметки.

Согласно законот, денеска е последен ден за обработка на податоците, но со имплементацијата на овој систем, на почетокот на април се заврши целата обработка на годишни сметки.

„Бројката на поднесени годишни сметки изнесува 92.000 што е поголема од 2012 година кога изнесуваше 90.000.Се надевам дека интензивното промовирање на овој систем ќе го подигне степенот на искористеност и тоа ќе биде од огромна корист за корисниците,“ додаде Костадиновски.

Околу 25.000 субјекти ја немаат исполнето својата законска обврска за поднесување на годишни сметки, а предложени се и посебни мерки кои се однесуваат на оваа категорија на субјекти.

„Оваа бројка ја исклучува бројката на трговски друштва кои ги имаме доставено до УЈП а коишто се дадени на утврдување на активности, а коишто повеќе години не поднесувале годишни сметки. Доколку некој од овие субјекти не поднесе годишна сметка до 31.12 2014 а се однесува на 2013, Централниот регистар согласно законските одредби кои заемно ги предлагавме, ќе премине на админстративно бришење согласно процес предвиден со законот на бришење на субјектите и објавување на веб страната и во некој од медиумите,“ појасни Костадиновски.

По електронски пат ќе се доставуваат опомените за доставување на годишна сметка за оние кои не си ја исполнуваат својата законска обврска, со што ќе се настојува да се зголеми бројот на поднесени сметки Со обработка на што е можно поголем примерок ќе може да се добие пореална слика за состојбата во стопанството.

Бројката на овластени сметководители кои се заинтересирани да бидат регистрационите агенти перманентно се зголемува, моментно е 283 а се очекува да биде 500. На овој начин се регистрираат фирми кај регистрационен агент без надомест, а проектот ќе се продолжи и на адвокатската фела.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.