сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Костадиновски: На 11 декември народот конечно ќе му го покаже патот на Заев

Ние секогаш ќе бидеме со граѓаните и со жителите, не само на Криволак и на Неготино, туку и на цела Тиквешија како регион и сите земјоделци и сите граѓани во Република Македонија, истакна тој.

vanco-kostadinovski6

Последни вести

Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ денес оствари посета на Неготино каде имаше средба со граѓани од село Криволак.

Со нив разговараа за многу работи кои што се реализирани во изминатите десет години од страна на владејачката партија, особено за секторот земјоделие.

-Спомнавме за тоа колку се партијата има направено во областа на земјоделието, како се грижи за земјоделците во целиот изминат период и нормално се она што е направено и во сферата на социјалната категорија на луѓе каде што се обезбедени значителни трансфери, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од аспект на патната инфраструктура, со изработка на патишта кои што го поврзуваат село Криволак со Неготино, а исто така зборевме и за многу проекти кои што во изминатото се реализирани од аспект на трасвери кои што се предвидени за најтешко ранливите категории, пензиите кои што се покачени, проектите кои што се однесуваат на студентите, на младите, на спортистите и се она што ни претстои за реализација во периодот кој што следува, но вака низ дискусиите кои што ги имам со сите граѓани, жители на Неготино, на неготинските села и посебно на сите населени места во Република Македонија кои што ги посетуваме. Дефинитивно е дека луѓето се загреани да дојде 11 декември и конечно да му го покажат патот на Заев и на Социјалдемократскиот сојуз, бидејќи сите проекти кои што се предвидени, на неколку наврати за одржување на избори беа закочени и тоа директно се рефлектираше на грбот на граѓаните, истакна Костадиновски.

За овој дел од Македонија, рече Костадиновски, имаме планирано повеќе проекти, од аспект на комуналната инфраструктура, со изградба на локални патишта, уредување на културно излетнички места, уредување на плоштади, изградба на системи за наводнување кои што посебно го зафаќаат овој регион.

-Понатаму имаме исплатено значителен износ на субвенции кои што во изминатиот период се однесуваат на износ од околу 25 милиони евра, само за директни плаќања кон земјоделците исто така средства кои што се обезбедени за инвестиции како што спомнав за локалната инфраструктура износ од околу милион евра, инвестициски мерки од околу 500 илјади евра за набавка на земјоделска механизација, за млади земјоделци, набавка и подигање на нови лозови и овошни насади и сето она што значи средства за поддршка предвидени од страна на Владата која што ја предводи ВМРО ДПМНЕ и се надеваме дека и периодот кој што следува, значи до 11 декември ќе бидеме интензивно во постојана комуникација со граѓаните бидејќи имаме лице да ги погледнеме во очи и да можеме да застанеме исправено и да не искритикуваат за нешто кое што не сме го направиле, а нормално и за она што сме го направиле или што треба да го направиме во периодот што следува. Проектите се предвидени за нив, од страна на нашата политичка партија и ние очекуваме она што тие ќе го одлучат на 11 декември, а каде што сите јасно се изјаснуваат дека не ја прифаќаат политиката на редефинирање на нашата држава и дека не можат да се согласат со пазарење на националните интереси и дефинитивно веруваат во она што значи сочувување на националните интереси и водење на економија од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ние секогаш ќе бидеме со граѓаните и со жителите, не само на Криволак и на Неготино, туку и на цела Тиквешија како регион и сите земјоделци и сите граѓани во Република Македонија, истакна тој.

 

Најчитани вести