„Костал“ почна со реализација на најавената инвестиција – егзистенција за 1.000 семејства

Компанијата на почетокот ќе отпочне со производството во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика.

Договорот за реализација на инвестицијата на „Костал“, денеска по средбата со премиерот Груевски во Владата, го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс.

Претходно, премиерот Никола Груевски оствари средба со извршниот потпретседател на компанијата Сандерс.

Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга – Охрид

Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга- Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Паралелно ќе работи во две фабрики и во објектот во поранешен ЕМО, како и во новата фабрика која ќе се изгради во индустриската зона.

dogovori-kostal-1

Преговорите за…