„Костал“ почна со реализација на најавената инвестиција – егзистенција за 1.000 семејства

„Костал“ постои 100 години, работи во 17 земји, има 16.000 вработени и во последните години двојно го зголеми својот раст и извонредно е позиционирана во автомобилската индустрија. Компанијата има годишен обрт од две милијарди евра.

Инвестицијата беше најавена во март минатата година

Оваа инвестиција беше најавена уште во март минатата година кога премиерот Никола Груевски најави дека компанија од Германија донесе одлука за инвестирање во Македонија.

Ова попладне, малку пред почетокот на овој собир од моите соработници ја добив информацијата дека една друга компанија, исто така од Германија денеска донесе одлука да изгради фабрика за делови за автомобилска индустрија овде во охридско- струшкиот регион. Тие произведуваат автомобилски делови и електроника за други индустрии и веројатно најпрво би почнал во браунфилд, во некој изграден објект, додека тие имаат време да изградат сопствена фабрика. Како и во минатиот случај, така и овој пат немам дозвола да го соопштам нивното име и тоа ќе го почитувам, затоа што ние инвеститорите ги почитуваме и затоа што и тие нас не почитуваат. Меѓутоа, сакам вечерва да ја споделам оваа убава вест, затоа што знам дека во таа фабрика ќе се вработуваат многу луѓе и од Струга и од Охрид, истакна Груевски на 25-март 2014 на митингот во Струга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.