Костарика го преслуша фаворизираниот Уругвај

После тие на Холандија, големо изненадување приредија и репрезентативците на Костарика кои премиерниот натпревар од групата “Д”, ќе го паметат по заслужениот триумф од 3:1 кој го остварија во дуелот против фаворизираната репрезентација на Уругвај.

Ууругвај дојде до планираното водство со погодокот на Единсон Кавани, кој успешно го изведе ударот од белата точка, но на стартот од второто полувреме, Јоел Кемпбел израмни на 1:1, а само неколку минути подоцна, Костарика дојде во водство со погодокот на Оскра Дуранте.

Во самиот финиш од натпреварот, мрежата на Уругвај ја погоди и Марко Урена.