Костарика ја преслуша и очајната Италија

Пред неколку дена добија тие на Уругвај, а во петокот, фудбалската лекција од репрезентацијата на Костарика, доби и големиот фаворит за првата позиција во групата “Д”, но и фаворит за светската круна, селекцијата на Италија.

Со минималната, но сосема заслужена победа од 1:0, репрезентацијата на Костарика и математички со осигура пласман во 1/8 финалната рунда, а избраниците на Чезаре Прандели сега ќе имаат обврска да освојат најмалку еден бод во дуелот против директниот ривал за втората позиција, репрезентацијата на Уругвај.

Погодокот вреден три бода, но и пласман во следната елиминациска рунда беше дело на капитенот, Брајан Руиз, а победата на Костарика значи е дефинитивен крај на сите надежи кои ги имаа репрезентативците на Англија кои за прв пат, по пауза од 56 години, мундијалската авантура ја завршија веќе во групната фаза.