Костарика: Во авион запленет над еден тон кокаин

Властите на Костарика објавија дека заплениле авион што пренесувал над еден тон кокаин. Приведени се и двајцата пилоти, кои потекнуваат од Гватемала, пренесе „Асошиед прес“.

Малиот авион летал од Кали, Колумбија, кога му се наложило да изврши принудно слетување на приватна авиописта на карибското крајбрежје.

Полицијата ги привела пилотите, татко и син, со 51 пакет кокаин, посочило министерството за јавната безбедност.