Костиќ во 30 дневен притвор за убиството на Ивана

Врховниот суд во Белград одреди 30 дневен притвот за Дарко Костиќ, кој е осомничен за силување и убиство на 14 годишната Ивана Подрашчиќ од Батајница.

Дежурниот судија му одреди на Костиќ притвор поради опасност од бегство, плашејќи се дека со неговото пуштање на слобода тој би и пречел на истрагата, како и поради опасност дека може да го повтори кривичното дело.

Телото на девојчето, кое се сметаше за исчезнато од крајот на јули е најдено во запуштена куќа. Полицијата соопшти дека девојчето е прво силувано, а потоа и убиено со тап предмет.