Костов: 100 посто обновување на патниот железнички сообраќај, цените остануваат исти

костов

-Македонски железници заклучно проектот на Влада, до крајот на годинава најави шест нови возови, од кои четири веќе пристигнаа и се пуштени во сообраќај. Ќе ја заокружиме инвестицијата вредна околу 25 милиони евра со најавата за нови 5 возови за 2017 години, но и дополнителни 7 милиони евра за набавка на три електрични локомотиви, што ќе значи 100 посто обновување на комплетниот патнички сообраќај, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните на Република Македонија, истакна Костов.

Тој додаде дека старите возови се во возна состојба и истите ќе се искористат за сообраќање на кратки релации, а безразлика што железници ќе се поднови со нови возови по европски стандарди цените ќе останат исти.

-Обновата на возовите нема да значи и повисоки цени за граѓаните на Македонија. Цените ќе останат исти, онака како што беше ветено, истакна Костов.

Првиот човек на железници говореше и за вандалското однесување на дел од патниците кои веќе направија штети во новите возови.

-Новите патнички возови за македонски железници донесоа огромнна цифра на број на патници, каде беше забележано зголемување за 200 посто. Сепак, вандалското однесување направи видиливо оштетување на новите патнички возови. Апелираме за културно однесување кон овие возни средства. Стандардот е исти како оние во Европа, посочи Костов.

Во „Бизнис навигатор“ со Билјана Василева Трендафилова, тој зборуваше и да штетата што ја претрпеа македонски железници како резултат на штрајкот  на грчките железници и мигрантска криза.

-Пет милиони евра е огромна штета. Штета што нема да може брзо да се надомести. Сепак, сметам дека во догледен период, со максимално ангажирање, со професиопнално однесување и подигнување на квалитетот на услугите, сигурно овој тежок период ќе го надминеме во најбрзо време. Железници може да се носи со сите овие предизвици, заклучи Костов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.