Костов: Иванов не ги прекрши своите овластувања

Правно гледано, претседателот Ѓорге Иванов, има право да ја донесе одлуката што ја донесе. Тоа право веќе ја користеше неговиот претходник, Бранко Црвенковски, смета аналитичарот Сотир Костов во гостувањето во ТВ Нова.

Секој што го зборува спротивното нема поим од право, додава тој.

Дилемата се појавува кога се разгледува таа одлука од политички агол. Во таков случај се јавуваат дилеми дали е во ред сите да се ставаат во ист кош и да бидат заедно помилувани, вели Костов.

Во интервјуто за ТВ Нова, Костов изјави дека иако и кај него се појавиле дилемите дали ја поддржува одлуката на Иванов, тој смета оти Претседателот ја донел таквата одлука со најдобра намера за да се помогне Македонија да излезе од кризата во која се наоѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.