Костов: Катица ја изгласаа политичките партии по договор, ќе ја смени народот

Не беше во прашање ниту Зоран Заев, ниту Никола Груевски, ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Советот на јавни обвинители, ниту судовите во Република Македонија. Катица Јанева дигна рака на обичниот граѓанин, кој во Уставот во чл. 1 и 2 кажано е суверенитетот на Република Македонија тој го носи, изјави политичкиот аналитичар Сотир Костов во гостувањето во вестите на ТВ Нова.

„И да не заборавиме, Катица ја смислија сите Пржиновци, Катица ја изгласаа политичките партии по договор, ќе ја смени народот. Односно, ќе даде доволно аргументи да не ѝ се продолжи мандатот и од вакво однесување таа не заслужува да ѝ се продолжи мандатот“, рече Костов и додаде:

-Од денес јас ново име ѝ давам нејзе, лимбо-јавен обвинител. Лимбо е една состојба, ни ваму – ни таму, ни напред – ни назад, ни горе – ни долу, нешто измеѓу, тоа е една изгубена ситуација. Катица од почеток до денес е изгубена“, додаде Костов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.