Костов: Криминално осудувано лице управител на зградата на ССМ

Нелегитимното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), продолжува со скандали и коруптивни афери, изјави во четвртокот на прес-конференција Горан Костов.

„Во обид да се раскрчми имотот и домаќинското работење во ССМ на чија што сметка во ССМ и ДООЕЛ Син-Аг-ССМ Скопје друштво кое управува со зградата на ССМ, има оставено 32 милиони денари, над 18 милиони денари од ССМ и 16 милиони денари во СИН-АГ ДООЕЛ обезбедени од претседателот Митревски за развој на синдикалните капацитети и формирање на центар за обука и едукација, центар за бесплатно сместување на работниците, насилничко раководство како управител на ДООЕЛ СИН-АГ ССМ го поставува Ристо Ајтов наводен претседател на СОБ кој воопшто не е член на ССМ. Скандалот да е уште поголем Ристо Ајтов воопшто не може да е управител, бидејќи е кривично осудуван со пресуда на основниот суд Скопје уште од 2005 година за сторено кривично дело казниво по член 378, став 1 од кривичниот законик на Република Македонија“, истакна Костов.

Рче дека истото лице е познато и по низа други кривични постапки. Истото лице е во служба на РМ добива средства и плата од АРМ, има чин истото лице добива волонтерски додаток како таканаречен претседател на СОБ и ниту може да врши ваква функција ниту согласно законот за трговски друштва, ниту согласно законот за служба во вооружените сили без претходна согласност.

„Со цел да ја спроведат оваа незаконска операција, нелегитимниот самонаречен и државен В.Д. претседател го предложил и го инволвирал претседателството на ССМ да донесе незаконска одлука без да биде поведена соодветна постапка, согласно законот за трговски друштва, злоупотребувајќи ја службената положба не водејќи сметка дека членовите на претседателството на ССМ во нелегитимен состав ниту може да донесат ваква одлука, уште повеќе што како основач на ССМ на друштвото од своите редови не може да именува лице кое ќе управува и раководи со оглед на тоа што може да врши само надзор, што го прави преку лица во Надзорниот одбор. На овој начин нелегитимното раководство отпуштило од работа и доделило отказ на законски поставениот управител Горан Костов. На овој начин сите претседатели на грански синдикати од ССМ кој гласале за овој скандал се втурнати во незаконити и кривични дејствија без да бидат сами свесни. Имено за дел од претседателите кои гласаа за моја промена, имаме конкретни документи дека не само што се претседатели туку истите се управители на повеќе фирми формирани од синдикатот, на кој ги поставуваат за директори своите браќа и најблиски соработници од кој меѓу нив предничи Роберт Симовски кој е претседател во синдикатот на ЕВН, истовремено и управител на ЕСМ туризам и член на надзорен одбор на ЕВН“, рече Костов.

Додаде дека истовремено истиот носи одлуки за бркање на работници вклучително и на Митревски.

„Го повикуваме претседателството на ССМ да се огради од незаконската одлука за поставување за управител на лицето Ристо Ајтов и веднаш да го поништи отказното решение на управителот Горан Костов. ССМ и претседателот на ССМ е организација која треба да го штити работникот, а не организацијата која дели откази врши кривично правни дејствија. Ја повикуваме министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шеќеринска да го испита целиот случај и против законското именување за управител на зградата на ССМ на лицето Ристо Ајтов, кривично осудуван за фалсификување на исправи, лице против кој се водат и се воделе повеќе кривични постапки. Ја повикуваме министерката Шеќеринска да го преиспита и работењето на лицето Ристо Ајтов во воорушените сили на АРМ и носењето на чинот со оглед на ваквото криминално досие кое го има. Напоменуваме дека ниту армијата на РМ, ниту членовите на ССМ заслужуваат да го водат и манипулираат вакви лица. Тоа е новата вистина за лажните синдикалци во ССМ“, заклучи Костов.