Костов: Новите вагони ќе ја зголемат динамиката во железничкиот сообраќај

Денеска директорот на МЖ Транспорт Никола Костов најави нови деловни линии на релации Тетово – Скопје, Велес – Скопје, Куманово – Скопје, а како што посочи, во преговори се и со железниците од Србија и од Грција за воведување линии од Скопје до Белград и до Солун.

– Со сето ова очекуваме да се зголеми динамиката во патничкиот сообраќај. Новите патнички возови мислам дека ќе бидат позитивен сигнал не само за Македонски железници, туку и за целата држава,изјавил Костов.

Во однос на товарниот сообраќај, Костов нагласил дека во тек се обновувањата за соработка со македонските компании.