четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 37

Костов: Се купија 150 нови товарни вагони и шест нови патнички композиции

Во изминатиот период се купија 150 нови товарни вагони и шест нови патнички композиции за потребите на Македонски Железници.

kostov-nikola

Поврзани вести

Во изминатиот период се купија 150 нови товарни вагони и шест нови патнички композиции за потребите на Македонски Железници.

Македонски Железници се горди и благодарни на овој проект и на оваа инвестиција на Владата на Република Македонија , бидејќи после 38 години добиваме нови товарни вагони и нови патнички возови. Воедно тоа за нас претставува мотив и одговорност  за сето ова што ни ја дадовте довербата за да го направиме уште по активно и помобилизирано. Во однос на новите товарни вагони кои што веќе се во функција тие возат не само на пругите на Македонски Железници, туку возат и по европските пруги. Воедно можам да кажам како железничар, би ја искористил оваа сала, малку еден повик, еден маркетинк за Македонски Железници, да граѓаните на Република Македонија ги искористат овие удобности, овие европски, овие светски патнички возови, со телевизори со интернет, рече генералниот директор на МЖ транспорт Никола Костов.

Најчитани вести