Костов: Ударите врз медиуми- мешавина на макијавелизмот на СЈО и политичката шизофренија на Заев

Вака политичкиот аналитичар и поранешен обвинител Сотир Костов ја опишува актуелната ситуација со одредувањето мерка притвор на Сеад Кочан.

„Упорно сакаат со употреба на недозволиви средства да дојдат на власт, бидејќи веќе се уморија во таа битка. Пробаа насилно преку улицата – не успејаа, пробаа преку избори и повторно не успејаа, сега се обидуваат преку напад врз ВМРО-ДПМНЕ и медиумите кои Заев ги прогласи за непријатели, токму тоа ни се случува“, рече Костов.

Тања Каракамишева, Сотир Костов и Александар Климовски гостуваа во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Делумно прифатена жалбата на одбраната на Сеад Кочан“