Костов: Заев објавува приватни разговори, да не сака тој да го избере обвинителот?

Не си дозволувам Заев да ме манипулира со неговите ристички трикови од Шопенхауер, Аристотел  или не знам кој, што многу вешто ги изведува, истакнува Сотир Костов, колумнист во „Дневник“.

Тој гостуваше во Алсат телевизија, заедно со уредникот на ПлусИнфо и Слободен печат, Бранко Героски.

Потенцира дека материјалите кои СДСМ ги објавува се разговори кои се дискретни по телефон меѓу две лица, а не на форум или партиско тело, Влада или митинг.

-Луѓе, тоа е приватната сфера! Не си дозволувам Заев да ме манипулира. Знаете ли дека доказот не смее да биде гибнат освен од надлежен орган. Вие се уште верувате дека тој не чепкал по доказите? Тој самиот кажа „овде кратевме вака, овде моравме да исфрлиме Сотир и Васко збореле нешто секси“. Па не смеете да гибате. Тоа е правен нихилизам. Не чинел обвинителот, кој да го избере? Зоран Заев да го избере обвинителот? За нив не чинел Парламентот.. За  Владата да не им чини ги разбирам, па тој сака да седне таму. Не го поддржувам, ама го разбирам што тој ја напаѓа оваа Влада. Тоа е политичка борба, арена каде што треба да се бориме. Ама знаете што? Мора малку морал да има, рече Костов.

Оваа ситуација според него е револуционерен макијавелизам. Заев, вели, ги употребува средствата на Макијавели и по методите на француската револуција на Робеспјер.