ТОП,Македонија

Костовска: Нема појава на заразни болести во поплавените подрачја

Костовска: Нема појава на заразни болести во поплавените подрачја
Сѐ уште нема појава на заразни болести како резултат на поплавените подрачја, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерство за Здравство.

„Заразни болести во летниот период има. Цревни заразни болести пропратени со пролив и повраќање секогаш има во летниот период, меѓутоа ние очекуваме и се плашиме нивниот број да не се зголеми“, вели Костовска.

„Сега за сега има поединечни случаи. На Инфективна клиника има еден пациент хоспитализиран до ентероколит од поплавените подрачја. Имаме повеќе пациенти со исеченици, со повреди, со такви проблеми“, додава Костовска.