Костовски: Јанева нема овластувања за натамошни дејствија, СЈО го крши законот

ВМРО-ДПМНЕ има информации дека, како што р ече во саботат на прес-конференцијата Дарко Костовски, и покрај завршувањето на рокот, Специјалното јавно обвинителство продолжува со хајката на истражни дејствија и притисоци, со што го крши законот и оти со то „кристално јасно“ е дека СЈО “делува како општинска организација на СДСМ’ и води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

„Член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите гласи: ‘Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“. Согласно овој член, а тргнувајќи од фактот дека рокот од 18 месеци во кој Катица Јанева можеше да покрене обвиненија истече на 30 јуни 2017 година, Катица Јанева по 30-ти јуни нема овластување за истражување и гонење на кривични дела за кои беше надлежна согласно донесениот закон“, истакна Костовски.

Според него, специјаланта обвинителка Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да презема натамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за преземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30 јуни не покрена обвинение, ниту има овластување и надлежност за отворање и водење нови кривични постапки.

Доколку Јанева по 30 јуни презема натамошни дејствија во предистражна и истражна постапка за преземените предмети и материјалите за кои заклучно до 30 јуни не покренала обвинение, или отвора и води нови кривични постапки, додаде Костовски, сите преземени дејствија имаат третман на незаконски дејствија.

„Законите во оваа држава важат подеднакво за сите и никој не е над законот како што знае да каже и Катица Јанева. Укажуваме дека истата не е над законите во оваа држава“, рече Костовски.

Потсети дека СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник.

Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето, потенцираше претставникот на ВМРо-ДПМНЕ, претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон.