Костовски: Како Смилевски нуди соживот кога се отслил од место што е етнички мешано?

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски денеска преку социјалната мрежа Фејсбук реагираше поради тоа што неговиот противкандидат од СДСМ, Велимир Смилевски својата кампања ја водел така што, на жителите во Бутел им велел дека Костовски не сакал луѓе кои не се етнички Македонци.

„Деновиве мојот противкандидат на луѓе од други нации жители на Бутел зборувал дека сум мразел луѓе кои не се етнички Македонци. Прво – пораснав дружејќи се со Турци, Срби, Албанци, Роми, Бошњаци, Власи. Второ – како тој им нуди соживот кога се отселил од Бутел 2 место каде што е етнички мешано, бегајќи баш од луѓе од друга нација и вера. Трето – ако со срце си го сакаш своето не значи дека мразиш нешто друго. Четврто – премногу е лошо да се откажуваш од своето само за да се додвориш на други. Петто – обврска од минатите генерации ни е да ја чуваме верата, знамето и македонската чест. Шесто – сите жители на Бутел мораат да бидат рамноправни, никој не смее да има посебни привилегии. Седмо – никој не смее да тргува со национални интереси заради гласови“, напиша Костовски на својот Фејсбук профил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.