Костовски: Народниот правобранител да реагира на партиската дискриминација од СДСМ

Пратеникот на СДСМ призна и дека се кинеле казни за сообраќајни прекршоци на членови на СДСМ, а додека сите останати мора да платат доколку им биде изречена казна за сообраќаен прекршок, затоа го повикуваме Народниот правобранител да реагира и да ги осуди ваквите дискриминаторски изјави на СДСМ, како и да дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните, изјави во четвртокот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Костовски алудираше на неодамна објавената видео снимка на којашто пратеникот од СДСМ Курто Дудуш објаснува што значи тоа за обичниот човек, во секојдневниот живот да се поседува членска книшка од СДСМ.

„СДСМ им порача на граѓаните дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат партиска членска книшка од нивната партија. Тоа значи класична дискриминација на граѓани од прв ред членови на СДСМ кои може да ги уживаат сите привилегии, и сите останати кои нема да стигнат до своите права доколку немаат партиска членска книшка“, рече Костовски.

Истакан дека со ваквите чекори СДСМ сегрегација и дискриминација на граѓани од прв и втор ред, и сите оние кои не се членови на СДСМ значи дека не може да стигнат до основните права во државата.

„Затоа го повикуваме Народниот правобранител да реагира и да ги осуди ваквите дискриминаторски изјави на СДСМ, како и да дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните. Апелираме Народниот правобранител да реагира на политичката дискриминација и сегрегација која СДСМ ја прави на граѓаните тврдејќи дека нивната партиска книшка мора да биде втора лична карта и документ од кој ќе зависи какви права ќе имаат во оваа држава. Република Македонија согласно уставот е слободна и држава на еднакви граѓани и тоа мора да остане така“, порача Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.