Костовски: Одиме во втората рунда со цело срце

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски во пресрет на борбата во вториот круг на локалните избори кои ќе се одржат на 29 октомври ги охрабри стоите сограѓани преку свој Фејсбук статус.

-Главата горе Бутелчани одиме во втората рунда, пофокусирани, порешителни и со цело срце!, напиша Костовски.

Инаку против кандидат на Костовски за Бутел во вториот круг е Велимир Смилевски од СДСМ.