Костовски: СДСM промовира политики на главен критериум да биде членската книшка од партијата

Ова што го гледаме од страна на пратениците на СДСM, оваа партија врши класична класична дискриминација по политичка основа и промовира политика според којашто законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС, а ќе важат за сите останати, изјави ви неделата на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку сторат каков и да е прекршок сите граѓани ќе мора да плаќаат казна, а пратениците на СДС им гарантираат неказнивост на оние кои ја имаат нивна членска книшка. Ваквото однесување на СДС е невидено во ниту една демократска земја. Не смее да се дозволи да се реализира политиката што ја промовираат пратениците на СДС ниту во болниците, ниту во социјалните установи“, рече Костовски.

Прерупреди дека пациентите не смеат да бидат игнорирани само поради тоа што немаат членска книшка на владејачката партија, а други да бидат привилегирани поради нивната партиска припадност.

„Колку и да се обидува СДС и нивните медиуми да го игнорираат скандалозниот настап на нивниот пратеник, ваквото однесување мора да се осуди и санкционира“, рече Костовски правејќи споредби со западните деморкатии.

Таквата политика, продолжи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, води кон безредие и таквите политичари веќе не можат да бидат претставници на сериозни партии.

„Заев во текот на изборите ветуваше еднаквост меѓу граѓаните, а денес гледаме како граѓаните со членска книшка ќе стануваат ‘поеднакви’ од оние кои немаат. Тоа е вистинскиот лик на СДС. Едно ветуваат, а друго прават“, рече Костовски

Потсети дека сегашниот премиер во предизборието ветуваше департизација и деполитизација на институциите, за сега неговите пратеници да ветуваат противправни привилегии од секаков вид, само доколку се поседува партиска книшка од СДСМ, за што Костовски оцени дека претставува партизација од најтежок вид.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници да реагираат и да ги осудат ваквите политики кои се спроведуваат од пратеници на СДС. ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ги повикува сите професионалци во институциите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на пратениците и функционерите на СДС и да не се впуштаат во кривични дела да даваат привилегии на оние кои имаат членски книшки на Бихаќка“, заклучи Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.