Костовски: Шилегов потврди дека НВО секторот е продолжена рака на СДСМ

Петре Шилегов денеска се промовираше и во портпарол на невладините организации под контрола на Сорос и докажа дека вандализмот, демолирањето, нападите врз полицијата и уништувањето на културно историските споменици е заеднички план на СДСМ/Сорос.

СДСМ/Сорос беа поразени на овие избори. Мнозинството граѓани му дадоа црвен картон на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите НВО послушници кои две години ја држеа Република Македонија во криза и нанесоа огромни финансиски штети.

Законите мора да важат подеднакво за сите граѓани во Македонија. Законите мора да важат и за аболицираниот криминалец Зоран Заев и за сите негови послушници. Заев мора да одговара за криминалот што го сторил и има причина зошто и тој и Петре Шилегов треба да се плашат.

Граѓаните гласаа за крај на кризата и за крај на криминалното и деструктивно сценарио на Зоран Заев,рече Костовски.