Костовски: СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за интерсите на СДСМ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за интересите на СДСМ, а сите случаи и обвиненија кои тие ги покренаа беа политички мотивирани, без основни докази и крајно неаргументирани, рече во вторникот пред новинарит Дарко Косвоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Костовски истакна декаа случајот „Транспортер“ е типичен пример за „политички инспирирана хајка“ и „креирање случај“ и онаму каде што го нема, со единствена цел давање материјал за негативна кампања и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните, со цел владејачкиот СДСМ политички да профитира од тоа.

„СЈО во обвинението за случајот ‘Транспортер’ се служи со целосни конструкции и свесно создадени лаги. Тезата на СЈО дека градоначалникот на Битола заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници постапувале незаконски при тендерите за превоз на ученици е невистинита. Исто како што е неточно дека општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО изнесе лажни сензационалистички наводи дека јавниот превоз во градот Битола е поскап од тој во Токио, што е груба манипулација со фактите со цел свесно лажење на граѓаните. Имено, цената на превозот на ученици во Битола е постигната во законски спроведена постапка. Доколку СЈО сакаше да истражува вистински криминал за транспорт на ученици, наместо во Битола можеше да прочепка во Струмица каде превозот на ученици што го плаќа општината е двојно поскап од тој во Битола“, истакна Костовски.

Меѓутоа, додаде Костовски, СЈО не се осмелува а го истражува транспортот на ученици во општина Струмица, затоа што таму градоначалник беше сегашниот премиер Зоран Заев, за кој рече дека е „патронот на СЈО“, кој беше помилуван од СЈО во случајот „Пуч“ со откажување од кривичниот прогон против него, иако за тоа постеше веќе отворен предмет од страна на ОЈО и признание од страна на Ѕвонко Костовски.

„Постапките на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие се алатка за една употреба на СДС, со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ“, подвлече Костовски.