Македонија,Политика

Костовски: СЈО изгради политички случаи за она што Заев лажеше и клеветеше

Костовски: СЈО изгради политички случаи за она што Заев лажеше и клеветеше

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е продолжена рака на СДСМ, алатка за политичко жигосување, без никакви докази и аргументи, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата во петокот,

Костовски во продолжение посочио дека случаите на СЈО се без каква и да е правна основаност се темелени на политички квалификации наместо на факти, и претпоставки кои имаат политичка цел.

„Практично сé она за што Заев лажеше, клеветеше СЈО изгради политички случаи од тоа. Ова нема никаква врска со правото туку со исклучиво со политика“, изјави Костовски.

Костовски напомена дека сега истите прават брутален притисок врз судот. Според неговите зборови тоа е така затоа што немаат докази, а немаат докази затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи.

„Обвинуваат за небулози, работи кои немаат врска со фактичката состојба. Во ниту еден од случаите кој го посочуваат не е направена штета врз Буџетот, ниту, пак, се заобиколени случаите. Се е политика, и наместо правен се создава политички трибунал. СЈО спроведува инквизиција во 21 век во Европа. Таргетот е само една политичка партија, таргетот се стотина души од ВМРО. Побараа одземање на четириесетина пасоши само на членови и симпатизери од ВМРО. Ваквиот монтиран и брутален политички прогон не бил никогаш во македонската држава“ изјави Костовски.

Кажа дека целата фама е да се сруши ВМРО-ДПМНЕ, но порача дека тоа нема да им успее.

„Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што останаа заедно со народот единствениот бедем за одбрана на државата. Единствените кои остро, недвосмилисно се спротивставија на рушење на националните и државни интереси кои СДС ги распродаваат, единствените кои работеа за економски и политички напредок. Целата фама, целата црна пропаганда е со цел да се сруши ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее“, порача Костовски.