четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Костовски: Случајот „Тендери“ на СЈО е политички монтиран процес

Како што истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, со овој и другите вакви случаи СЈО потврдува дека дејстува како „продолжена рака“ на СДСМ

Darko Kostovski SJO

Поврзани вести

Случајот „Тендери“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за изведба на градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба е целосно монтиран процес, и дел од политичката пропаганда на СДСМ која има за цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави во понеделникот пред новинарите Дарко Костовски.

Како што истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, со овој и другите вакви случаи СЈО потврдува дека дејстува како „продолжена рака“ на СДСМ. Притоа Костовски посочи дека целосната постапка за изградба на Музејот на македонската револуционерна борба е спроведена согласно закон, јавно и транспарентно.

„СЈО, исто како и во другите случаи, води нарачана хајка против ВМРО-ДПМНЕ со политички театар, за да обезбеди материјал за медиумите под контрола на СДС за креирање на негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костовски.

Порача дека неговата партија уште еднаш истакнува дека сите проекти и сите постапки биле работени според законите. Потсети дека тие биле ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска како секој би можел да има увери во постапките.

„Граѓаните видоа дека сите случаи, без исклучок, беа дел од организираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, кои се последниот бедем за одбрана на државните и националните интереси. СЈО е мрачна страница на македонското правосудство. Граѓаните гледаат дека СЈО е политички инструмент и истите се срамат од него“, заклучи Костовски.

Најчитани вести