Костовски: Владата нема финансии за изградба на планираните четири нови градинки во Гази Баба

Во општината Гази Баба согледувајќи ја потребата од отворање на нови капацитети и градинки во програмата на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период беа планирани четири нови градинки и тоа во Трубарево, Инџиково, Стајковци и Ќерамидница каде што досега немало градинки, а една веќе изградивме во Јурумлери, вели Зоран Костовски советник од Гази Баба на денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ – Негрижата на СДСМ удира по децата и пензионерите.

-Во постоечките градинки направивме напори да ги зголемиме капацитетите, односно да ги прошириме на просторот во соработка со министерството од претходната Влада и еве сега тие градинки се во фаза на уредување. Ова е класичен пример каде што се е завршено и само треба да добиеме одобрение за вработување на две воспитувачки и две негователки, а со тоа веќе ќе има и простор за шеесетина деца да се згрижат во тие капацитети, а покрај сето ова ние добивме одговор дека нема финансиски средства за таква активност. Се згрижуваат шарени револуционери, а немаат средства за две воспитувачки и две негователки да се згрижат  и каде е сега грижата за сопствениот народ, прашува Костовски.

Тој истакна и дека средствата за изградба на градинка во Стајковци се зголемени, но нема простор за градење на државно земјиште и мора да се откупи приватна парцела. И тие ги зголемиле средствата иако тоа не е нивна надлежност, туку сакајќи да му помогне на министерството и сега се се сведува на прашањето што ќе правиме ако не се изгради и нивната политика е кратење на средствата.