Котески на средба со генералот Рихтер

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска се сретна со бригадниот генерал Волфганг Рихтер, помошник на началникот на штабот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол.

На средбата, генералот Котески се заблагодари за поддршката од командата на НАТО во Неапол, каде АРМ има распоредено двајца штабни офицери.

Меѓу другото, Котески ја истакна посветеноста на АРМ кон одржување на достигнатите стандарди на Алијансата, кои припадниците на АРМ во пракса ги применија низ учеството во мисиите предводени од НАТО.

Генералот Рихтер ја нагласи улогата на Република Македонија и АРМ во градењето на регионалната и глобалната безбедност и искажа благодарност за придонесот на АРМ во борбата против тероризмот, како и за спроведените реформи неопходни за приближување кон НАТО.

ФОТО: Курир