Котевски: МВР нема ингеренции и не побарало притвор за Заев

Макпетрол не е опфатен со кривичната пријава
Макпетрол не е опфатен со кривичната пријава

Министерството за внатрешни работи нема ингеренции да бара притвор и не побарало притвот за четвртоосомничениот З.З. во рамки на полициската оперативна обработка „Пуч“. Ова во изјава за Курир го изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

-Сите активности и дејствија во рамки на Оперативната обработка „Пуч“, Министерството за внатрешни работи ги презеде во координација и со  надлежниот јавен обвинител. Со наредба на ЈО денеска беше извршен претрес на една локација во Струмица и беа приведени две лица. Со оглед на мноштвото прибавени докази за кривичните дела кои им се ставаат на товар, овластените лица сметаа дека нема потреба и од претрес кај четврто осомничениот. МВР не побарало и нема ингеренции да бара притвор за него, истакна Котевски.

Тој посочи дека според информациите кои ги имаат од Обвинителството, надлежниот јавен обвинител за лицето не предложил притвор туку други мерки на обезбедување, односно одземање на патната исправа како гарант дека нема да ја напушти земјава и ќе се јави пред судот.

фото: Курир