Македонија

Котормановиќ: Македонија е подготвена веднаш да стане дел од НАТО

Котормановиќ: Македонија е подготвена веднаш да стане дел од НАТО

Хрватска ја поддржува Македонија во нејзините настојувања да стане дел од НАТО и да се интегрира во ЕУ. Македонија е подговена веднаш да стане дел од Алијансата и ние сметаме дека е многу важно за иднината на регионот тоа да се случи што поскоро.

Ова го порача министерот за одбрана на Република Хрватска Анте Котромановиќ по денешната средба со неговиот македонски колега Зоран Јолевски.

– Дојдов овде да потврдам и да дадам поддршка на вашите настојувања да станете член на НАТО и Европската унија. Пред неколку години требаше да добиеме заедничка покана. Хрватска ја доби, Македонија не. Мислиме дека Македонија е подготвена, дека своите одбранбени процеси ги заврши, дека секогаш работи на реформи, и оти нејзините вооружени сили се потполно подготвени еден ден да приспаат во НАТО, а тоа мора да биде што побрзо, рече Котормановиќ.

Додаде дека Хрватска се залага за политика на отворени врати и смета дека е многу важно за иднината на регионот Македонија што побрзо да стане член на НАТО.

Министерот Јолески по средбата истакна дека го повторил ставот оти Владата на Република Мкаедонија останува посветена на учеството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

– Македонија е подготвена веднаш да ги преземе сите одговорности кои произлегуваат од полноправно членство во НАТО, рече Јолевски.

На денешната средба во Скопје двајцата министри констатиреле дека односите меѓу Македонија и Хрватска се одлични, но оти има можности за нивно натамошно унапредување и развивање.

– Нашите билатерални односи се одлични, рече хрватскиот министер за одбрана, додавајќи дека преку заедничката соработка ќе се придонесе вооружените сили на двете земји да бидат поквалитетни. Покрај меѓусебната соработка, истакна Котромановиќ, Македонија и Хрватска соработуваат и на меѓународно ниво преку зеадничките операции што ги спроведуваат или ги спроведувале во минатото како на пример во Ирак, каде, како што рече, македонските војници се покажале како одлични извршувајќи ги задачите на најдобар можен начин.

– Среќни сме што имаме пријателска земја со која може да ги развиваме нашите одбранбени ресурси во интерес на земјите, регионот и пошироко, рече Котормановиќ.

Јолевски потенцира дека Македонија има одлични капацитети кои се достапни и за земјите членки на Алијансата и земјите партнери споменувајќи ги притоа Центарот за обука на пилоти, армискиот полигон Криволак и Воената академија која е еден од приоритетите на Министерството за одбрана.

– Вашата поддршка е доказ за подготвеноста за натамошен развој на одличните билатерални односи, но и на посветеноста на двете земји за развој на одбранбената соработка, истакна македонскиот министер за одбрана.

На средбата беа потпишани два договора за одбранбена соработка – Меморандум за разбирање за размена на експерти на полето на односи со јавноста, и Технички аранжман во областа на војнотехничката соработка, со која се регулиура размената на услуги во областа на војното воздухополовство.