Коуртуа се уште не знае каде ќе брани

Првиот голман на новиот шампион на Шпанија, Тибо Коуртуа се уште не знае дали во новата клупска сезона ќе го чува голот на популарните „јорганџии” или ќе се врати на „Стемфорд Бриџ”.

Репрезентативецот на Белгија е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но во изминатите три сезони брани како позајмен голман во дресот на Атлетико Мадрид.

„Како се чуствувам? Фантастично. Мислам дека после неочекуваното реми во дуелот против Малага, ретки беа тие кои веруваа во шампионската титула, ретки беа тие кои беа убедени дека Атлетико Мадрид ќе остане непоразен на „Ноу Камп”. Тоа што го постигнавме е фантастично, никој пред почетокот на сезоната не веруваше дека титулата ќе заврши на „Винсенте Калдерон”. Многу го сакам, многу го почитувам овој клуб. Благодарен сум на секоја година која ја поминав во Мадрид. Ќе видиме што се ќе се случи во мојата иднина. Се уште нема ништо конкретно. Не знам каде ќе бранам во новата сезона”, изјави Коуртуа.